Нема да ви пишувам како да го приготвувате наутот од вечер, има овде појаснувања дека се накиснува одвечер, се вари со сода бикарбона и т.н., од причина што го има конзервиран и ја скратува постапката околу подготовката на рецепт каде што е присутен наутот.
- Лимоновата кора тенко излупете ја без да има од белиот дел под кората бидејки ќе ви горчи, исецкајте ја на помали парчиња или ленти.
- Излупете го кромидот, лукот и ѓумбирот, ставете во процесорот или сецкото, додадете ја лимоновата кора, зачинот Гарам масала и маслиновото масло, направете смеса близу до паста, но не до толку, многу ситно да се исецка - доволно е. Додадете ја и мајчината душичка во гранчиња. Измешајте, Преместете во садот во кој ќе готвите и без додавање на масло нека се пржи околу 5-6 минутки, потоа залејте со вода колку да се покрие, додадете го измиениот наут и Крањската кобасица цела, на тивок оган поклопено нека се вари. Јас ова го крчкав на тивко околу 30 мин. се додека не остана на еден убав густ сос.
- Извадете ги гранчињата мајчина душичка.
- Една добра рака магдонос исецкате или исто така во процесорот процесирајте или на даска со вилушка едноставно само изгмечете.. Додека се вари зачинете на вкус со сол и бибер.
- Кога е веќе готово, во садот сте добиле веке густ сос, тргнете од огнот, дозачинете со 3-4 лажици сок од лимон, мед и сега вратете ја мајчината душичка и ситно исецканиот или изгмечениот магдонос. Извадете ги колбасите и исечете на парчиња.
- Сервирајте во тањир ставајки по парче од колбасите, овие состојки се доволни за 4 лица, логично да биде поделена на 4 парчиња.
Одличен ручек. Не знам колку сакате зачини, јас не изоставувам ништо, се' комплет како што е напишано користам, единствено ако случајно нешто е помал лимонот, преминувам на втор. Неговата кора ова јадење во склоп на останатите зачини и медот прави прсти да излижеш.
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани