Смесата е за 10 палачинки. Чашата која што ја користев во овој рецепт е од 240 мл.

1. Најпрво во млекото се става една лажица оцет (можете и сок од лимон) и се остава да постои 10-тина минути. Тоа е за да добиеме „батермилк“.
2. Во брашното се додава пецивото, содата и шеќерот. Се промешува. Па се додава млекото и растопениот путер.
3. Тавата за палачинки ја премачкуваме со малку масло и со лажица ставаме од смесата, оформувајќи ја убаво палачинката. Температурата треба да биде средна. Јас ја користев делимано тавата и само на почеток еднаш ја премачкав, потоа немаше потреба.
4. Кога ќе испукаат сите меурчиња, ја превртуваме од другата страна, уште кратко, па вадиме од тавата.

Совет - Не го ставајте цело брашно наеднаш, извадете мала количина, па видете, доколку смесата дозволува, додадете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови