Преубави, меки и благички лепчиња погодни за сендвичи или со крем. Малиот ми е пребирлив, па затоа сум среќна што му се бендисаа.
Во поголем сад се става вода, шеќер, зејтин и квасец, се меша и се остава да надојде квасецот околу 15 минути.
Се матат јајца и се додават заедно со сол.
Полека се додава брашно се додека не се добие тесто кое е малку лепливо. Додадете повеќе или помалку брашно ако е потребно. Покријте го садот со пластична фолија и со крпа и се остава да надојде околу 10 минути.
Со намастени раце се вадат топчиња од тестото и се ставаат во плех со хартија за печење со простор меѓу нив и се оставаат да надојдат уште 20 минути.
Се печат на загреана рерна на 190 степени околу 20 мин односно да поруменат.
Веднаш по печењето се премачкуваат со маргарин и мед.
- Големината сами си ја одредувате, мене ми излегоа 24 лепчиња.
- Бидејќи ги користиме за сендвичи, јас не практикувам да им ставам мед, само со маргарин ги премачкувам инаку се благи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови