Подготовка на тестото.Две лажици сируп помешајте ги со вода, во длабок сад пенесто изматете го путерот додете го брашното и замесете тврдо тесто.
Тестото поделете го на два дела во едниот дел додадете црвена прехрамбена боја, а другиот дел да си остане ист.
За фил
Помешајте ги мелените ореви и шеќерот, додадете ја белката,убаво промешајте и направете топчиња помали од орев.
Од двете теста развлечете тенки кори и ставете ги една врз друга.
Исечете коцки,секоја коцка засечете ја кон средината од сите 4 страни, но не до крај во средина ставете од топче од орев и шеќер.
Како на сликата што е прикажано направете ги ружите и во секоја ружа ставете по едно парче орев.
Печете на 180 степени 20 минути.
Печени и изладени прелијте ги со шербет.
Водата и шеќерот да вријат 10 минути. Откога ќе го тргнете додете го сокот од лимон.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови