Шолот со кој што мерев е 250 мл
Во сад се растопува маргаринот.
Се додава брашното и се пржи додека не порумени.
Се трга садот на страна и му се додава мармаладот претходно разматен во водата.
Мешате постојано да не останат грутчиња.
Откако убаво го измешавте додадете ги оревите и сувото овошје.
Се враќа на шпоретот и се меша убаво да се одлепи од тенџерето.
Тргнете го садот на страна, оставете нека отстои 10 минути, а потоа почнете да ги формирате бомбиците.
Наредете ги на хартија за печење и потпечете ги 10 минути на вжештена рерна.
Оставете ги нека изладат.
Наредете ги на решетка и попрскајте ги со растопено чоколадо.
Оставете нека отстојат.
На здравје.

Забелешка

Јас ставив мармалад од боровинки, па топчињата имаа виолетова боја и краситки по вкус. Не мора да значи дека и вие мора да ставите таков. Користете било кој мармалад, но да напоменам дека можете да додадете шеќер, ако не ви е благо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови