1. Белките се делат од жолчките.
2. Во жолчките се става половината шеќер и ванилата, се матат, во смесата се додава брашното и млекото.
3. Белките се матат со солта и преостанатата 1/2 од шеќерот.
4. Снегот од белки се додава на смесата со жолчките и внимателно се промешува.
5. Во тавче на оган се става 1/2 од путерот да се растопи и да се загрее.
6. Смесата за палачинката се исипува целата во тавачето и се печи до добивање за златна коричка од долната страна (горниот слој сеуште е течен).
7. Палачинката со помош на дрвена шпатула се дели на 4 и внимателно се превртува една по една четвртина.
8. По страните и во средината се распределува преостанатата 1/2 путер за да се запржи и од другата страна палачинката.
9. Тавчето се покрива со капак и се остава палачинката да се допржи.
10. Готовата палачинка уште додека е на оган со помош на шпатулата се разделува на залачиња.
11. Палачинката се сервира посипана со шеќер во прав и некакво слатко или чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови