Главицата карфиол ја киниме на цветови, миеме, чистиме доколку има некои дамки и ја ставаме во касерола. Налеваме вода, додаваме малку сол и вариме од 5-7 минути.
Ја процедуваме и оставаме убаво да се излади и исцеди.
Потоа во нутрибулет ја ситниме или ја гмечиме со вилушка.
Во сад ги соединуваме ситнетиот карфиол, јајцето, пецивото, сокот од лимон, зачините, брашното, ситно сецканиот морков и кромидче и црвениот пипер.
Соединуваме и ја додаваме презлата.
Замесуваме со рака, не смее да биде претврдо тестото, за да не бидат како “затепани” бомбиците.
Секоја бомбица ја валкаме во ситно фиде и ги редиме на тајнир.
Во касерола налеваме масло, загреваме на умерен оган и ги пржиме бомбиците до заруменување.
Испржени ги оставме на хартиени салфети.
Сервираме.

Ова се превкусни, од надвор крцкави, а со мека, растресита внатрешност.
Може да бидат како прилог на печено месо или да се послужат со некој сос од кисела павлака, мајонез.....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани