Подготовка

1. Измелете ги колачињата. Добро е да се користат кукис на пример, моиве беа ванила путер колачи, но било кои суви колачи секако би одговарале.

2. Крупно измелете ги или ситно исечкајте ги бадемите, а путерот стопете го. Се измешајте убаво и респоредете го во мини калапи (7,5 ширина на 5см висина) и притиснете ги одозгора, па ставете ги во фрижидер додека го спремате белиот крем. За него најпрво потребно е желатинот да се измеша со ладната вода, да се здрви.

3. Жолчката измешајте ја убаво со шеќерот со помош на жица. Млекото во помал огноотпорен сад сад измешајте го со шеќерот и стапче ванила ако имате, ако не течната ванила ќе ја додадете после термичката обработка.

4. Откако ќе се стопли млекото до степен пред вриење, тргнете го од рингла и измешајте го со жолчката константно мешајќи со жицата. Потоа вратете на оган и мешајте на средна кон послаба сила на ринглата исто до сетепен пред вриење (до 85С). Тргнете го од рингла и додадете го здрвениот желатин и мешајте додека се стопи и соедини.

5. Смесата ја цедиме низ цедалка во сад, каде претходно сме го измешале со шпатула крем сирењето (тука додаваме и течна ванила, доколку немаме во стапче). Со оваа смеса ги полниме мини обрачите до висина од одколу половина см до врвот. Ги враќаме во фрижидер или во замрзнувач за побрзо.

6. Откако ќе се здрви филот во калапите, го спремаме и црвениот гел топинг. Се меша желатинот со делот од сокот за да се здрви. Останатиот сок го загреваме до пред вриење заедно со шеќерот , па го додаваме здрвениот желатин да се стопи и измеша уабво во течноста. Доколку течноста ви пушти бела пена, изцедете ја преку цедалка или уште подобро низ газа. Кога ќе стани млака се истура врз белиот дел до рам со висината на обрачите и се враќа во фрижидер да се здрви.
Јас вратив во замрзнувачот за побрзо, но површината горе ми се собра, веројатно од пребрзото ладење. Предлагам прво да оставите желатинот сам да се здрви во фрижидерот, па потоа да ги ставите во замрзнувачот да се стегнат убаво за да можат да се извадат од калапите.

7. За вадењето од калапите потребна е крпа натопена во што потопла, жешка вода која ќе ја обвиткате околу обрачот, а средината на мини тортицата ќе ја поставите врз некоја потенка чаша низ која ќе можи обрачот слободно да мини и да излези тортицата со лесен притисок надолу.

8. Мини тортичките украсете ги одозгора со овошје по желба и послужете ги. Од оваа доза излегоја 3 тортички, кои ги гледате на сликите. Доколку сакате повеќе, дуплирајте ги состојките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови