Прекрасен турски деликатес.
За подготовка на овој рецепт во Турција се користат специјални чинии, но и обични метални чинии вршат работа.
За овој рецепт е потебен пресен кадаиф (турски, грчки).
Кадаифот се кини на мали парчиња, путерот се растопува и се додава на кадаифот.
Половината од кадаифот се става во метална чинија или тавче и се притиска. Над кадаифот се додава моцарелата или ако имате пресно несолено сирење кое што се растопува може да го искористите. Над сирењето се додава другата половина од кадаифот и пак се притиска
Така подготвеното ќунефе се пржи на многу тивок оган од едната страна додека да добие златна боја, потоа се врти од другата страна. За пржењето потребно е некаде половина час.

За шербетот се смесуваат состојките и се вари за кратко.
Млакиот шебет се додава на жешкото ќунефе и се остава за малку на оган потоа се тргнува од оган и се додаваат ситно сечканите фстаци.
Од овие состојки се добива едно ќунефе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови