1.Во длабок сад се става меленото месо, изренданиот кромид, сол, црвена пипер, биберот содата и убаво се меси со рака.Потоа се додава брашното, маслото, водата и магданост. Пак убаво се меси и се остава 30мин да одмори.
2.Кога ќе одмори смесата со мелено месо се обликуваат ќофтиња и во секое кофте се става тенко парче кашкавал. Се обликуваат со навлажнети раце со вода.
3. Се пржат на умерен оган, од двете страни по 3 минути. Се служи со пире или друг додаток.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани