Најпрво да напоменам дека сите состојки ми се од око, но еве како ориентација ги пишав во кафени лажички.

Подготовка;

1. Наутот го ставаме во вода и го оставаме да набабри преку ноќта, јас некаде го готвам наредната вечер.
2. Го ставаме во блендер и го блендираме додека не добиеме убава хомогена смеса, го додаваме сите зачини, и со лажица правиме малечки ќофтиња на хартија за печење, со која е обложен претходно плехот за печење.
3. Ги печеме во загреана рерна, додека не добијат убава боја. Јас најчесто ги јадам со тортиља, малку тартар сос и марула, но и само така се превкусни

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови