Ја гледав емисијата на Ентони Бордејн, беше во посета на Њу Орлеанс. Па и таму го видов овој рецепт, кој го служеа на улица во чашка. Тенџерето на улицата и кој како поминува си купува, исто како хот-догот во Америка.
Е таму не ја дадоа цела постапка на спремањето, па јас по моја претпоставка го спремив.
Кромидчето заедно со перцата ги сецкаме на не многу ситни парчиња, отприлика 1 см. Го запржуваме заедно со меленото месо.Откако ќе се запржи убаво додаваме вода (или може да ставите и коцка супа во водата). Оставаме да зоврие водата и ги додаваме шпагетите. Откако ќе се сварат шпагетите не ја цедите преостаната вода, бидејќи го служеа со малку водичка во чашката. Одозгора во чашката ставаме половинка варено јајце.
Излезе вкусно....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови