Да знаат бабиве дека со нивните рецепти диети тераме... ехеее =))

Јуфките варете ги на вообичаениот начин. Во врела вода додадете ги јуфките и намалете ја јачината на огинот.

Помалата количина на јуфки искршете ја со раце со парчиња, големина по желба. Во мало тавче ставете масло колку да го прекрие дното и убаво зарејте го. Додадете ги кршените јуфки и пропржете ги додека да заруменат.

Пропржените јуфки додадете ги во садот со сварени и процедени јуфки и убаво промешајте. Внимавајте кога ќе ги додавате пропржените кршени јуфки, може да прска маслото.

Оние кои не постат или малку ја заобиколуваат ундиетата може да додадат малку рендано сирење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани