Полесно нема ми се чини...
- Во сад ставете го јогуртот, додадете ја содата и нека се угасни во неа. Потоа додадете го шеќерот и солта, брашното и ронетото или рендано сирење. Замесете тесто, поделете го на неколку дела (јас секогаш на 4 дела, а ако сакате помали тогаш на повеќе делови).
Расукајте мала кора, ставете на средината по ваш избор - кашкавал, мешавина на кашкавал со сувомеснато, повторно можете рендано сирење, како ке си изберете вие. Подигнете ги краевите на кората и покријте го филот, сега расукајте поголема кора. 
- Во тавка загрејте сосема малку масло ставајте да се пржат (потпекуват), но поклопени со капак. Кога ќе ја свртите да се допече од другата страна, не мора да се стави капакот.
- Готови се. Толку.
Чашата е од 200 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани