Ова јадење го одбележа моето детство....

Корите(јуфките) се ставаат во тава во која има ставено масло за јадење. Во веќе загреана рерна се потпечуваат.
Во меѓувреме се матат јајцата со млекото и сол по желба.
Потпечените кори се поливаат со смесата од јајца и млеко.
Се печи околу 30 минути.

Забелешка - Јајчаникот сите го прават така што во смесата додаваат сирење. Јас не јадам сирење, па ние го правиме без, и потоа го јадиме со таратор, павлака или сирење, тие што јадат....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани