Подготовка
Од наведените состојки замесете тесто и оставете го да се дуплира. Потоа направете топчиња, премачкајте ги со жолчка и ставете им сусам.
-Ставете ги во тава за печење и печите на 200 степени околу 20 минути.

Плескавици
Во длабок сад ставете го ситно сецканиот кромид, сецканата чили пиперка, јалапено сосот, јајцето, лебните трошки, зачините и магданосот. Добро промешајте и формирајте плескавици.
-Печите ги на решетка во рерна на 220 степени околу 30 мин. Под решетката ставете тава. ( Снајди се, па живеј )
Пред да ги извадите од рерна, одозгора ставете им по малку кашкавал, може и по малку путер за подобар вкус.

Компирите исечите ги како за помфрит, ставете ги во тава за печење со маслиново масло, малку јалапено сос, зачини по желба. Ако сакате компирите да бидат меки, додадете вода.

Лепчињата пресечите ги на половина, внатре ставете зелена салата, јалапено сос, плескавица, кисели краставички, пак малку јалапено сос, зелена салата и одозгора лепчето.
-Компирите сервирајте ги во чинија со хамбургерот.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани