Јаболката се мијат, лупат и рендаат на покрупната страна од рендето. Се ставаат во подлабок сад и се налеваат со водата. Се ставаат на оган и се пржат на средна температура со постојано мешање. Одкако ќе испари водата се додава шеќерот и се продолжува со пржење на потивко. Се пржи додека не се згусне убаво и се добие мирис на карамел. Се зачинува со цимет, каранфилче и румот и се остава смесата да се лади. Одкако ќе стане млака се формираат топчиња кои можат да се наросат со рендана чоколада или кристал шеќер.
Бомбичките имаат прекрасен вкус и одлични се за постиве, а и доста се економични.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани