Уште еден преубав десерт кој го спремив за празнициве. Пита која потсетува на вкусните јаболкови пити, кои ги имам прикажано овде на странава, но во овој рецепт има нешто поинакво, некоја нота која дава поинаков вкус. Едноставно десерт кој се топи во устата.

Подготовка:

1. За почеток замесете тесто од горе наведените состојки. Мекото лепливо тесто ставете го 10 мин во фрижидер, а потоа ставете го како подлога на претходно премачканиот со путер калап. Избодете со вилушка како на сликите, да диши тестото.
2. Јаболката, претходно миени, исецкајте ги на листови. Jас го исеков на тенки листови. Додадете цимет, брашно, суво грозје, сок од лимон, шеќер, измешајте и префрлете врз тестото.
3. Во кацерола на оган, ставете мед, слатка павлака, путер и шеќер, па оставете да проврие кратко. Тргнете од оган и додадете ги листовите бадем. Промешајте убаво, па истурете на површината врз јаболката. Распоредете рамномерно.
4. Калапот ставете го во загреана рерна и оставете го 45 минути на 180 степени. После 45 минути извадете го од рерна. Сочниот колач е готов. Полека со нож, направете една обиколка по рабовите и извадете го обрачот.
Оставете да излади така. Најдобро време за служење е после 3 часа, откако ќе се излади добро. Нека ви е слатко. Среќни празници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови