Сите суви состојки ги ставаме во сад и мешаме.
Ги додаваме течните состојки и замесуваме тесто.
Тестото треба да е меко и не лепливо.
Формираме околу десет топчиња и од секое топче формираме ѓеврек.
Во сад ставаме топла вода, го додаваме медот и мешаме додека се стопи.
Секој ѓеврек го макаме во водата со мед, па го валкаме во семињата.
Готовите ѓевреци ги ставаме во плех обложен со хартија и ги печеме околу 15 минути на 200 степени.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови