Се лупат и рендаат јаболката и дуњите, се сецкаат оревите, се пропржува се заедно на масло на тивок оган, кога ќе испарат течностите се додава кристал шеќерот и презлата, на крај и циметот. Се остава да се олади малку.
Потоа се отвараат корите во мојот случај во 500гр. има 15 парчиња и правам 5 ролата по три кори. Ако се послаби корите се става појќе, но да добиете 5 ролати. Секоја кора се премачкува со малку масло и на третата на крајот се става од филот и се витка ролат кој се става во плех предходно намрсен. Потоа сите ролати се премачкуваат со масло и се печат во рерна на 200 степени, додека убаво поцрвенат, а потоа на потивко за да изврие убаво филот. Се посипуваат со шеќер во прав и се сервираат.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови