По повод денот на Европската унија, имавме задача да подготвиме рецепти за одредена држава.

Нас ни се погоди Шпанија,па еве ви еден Шпански специјалитет.
Матете ги јајцата убаво да се згуснат.
Додадете масло и јогурт, но намалете го миксерот, пополека нека се размати.
Додајте постепено брашно.
Во сецко исецкајте ги киселите краставици и шунката, па додајте ги во смесата и посолете.

Префрлете ја смесата во калапчиња и попрскајте ги со сусам на површината.
Рерната загрејте ја пред да печете,апотоа печете околу 25 минути на 180 до 200 степени.

Печењето зависи од вашата рерна, важно печете на потивко.
Нека заруменат и вадете од рерна
Прекрасен вкус имаат питичките.
Пробајте па кажете.
На здравје

Забелешка

Чашата со која мерев е 200 мл,колку да знаете за каква шолја станува збор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови