Лесен брз оброк за во летните денови.
Се варат шпагетите. Руколата, босилекот, лукот, солта, малку масло и лимонот се ставаат во блендер. Доматите се лупат се сецкаат и се ставаат на оган, се пржат додека не испари цела вода. Потоа се додаваат сецканите пиперки, масло, лукот и се пржи убаво. На крај се додаваат зачините и оцетот. Шпагетите се мешаат со зеленото песто,  а над нив се додава маринарата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови