Шпагетите ги ставаме да се варат, но не скроз да се сварат (бидејќи после пак ги ставаме да се варат)
Доматите ги лупиме и ги сецкаме на парчиња.(може и сос од домати)
Лукот ситно го сецкаме иго ставаме да се пропржи.Ги додаваме доматите.Го затвораме тенџерето со капак за водата да не испари.Кога веќе доматите ќе станат како сос додадете ги и шпагетите(не мора водата од шпагетите скроз да е исцедена).Пак поклопуваме со капакот и оставаме шпагетите да се доварат заедно со сосот.
Количината на лукот и доматите не е битна, можете да ставите колку сакате.
Врз готовите шпагети јас исецкав малку чајна, за поубав вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови