Кромидот и морковот се сецкаат на поситни парчиња. Месото исто така се сецка на не многу ситни парчиња. Пафтата е малку помрсна затоа таа оди на поситни, а јунешкото малку покрупно.
Во тенџере на оган или во Гурмет кој има се ставаат кромидот, месото, морковот и ловорот и се налева зејтинот. Сето тоа се покрива со капак и се става да врие на тивко околу 2 часа. Гулашот не се меша, само се протресува лонецот.
15минути пред крај се додава и доматот излупен и исечен на поситни парчиња. Се зачинува со сол и црн бибер .
Вака подготвениот гулаш многу е густ и се става врз претходно сварените шпагети и се служи топло.
Сигурно на сите им е познат рецептот, ама се разликува од бабиниот селски гулаш на лажица.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела