Месото и ловоровиот лист ставете ги во ладна посолена вода и варете 1 до 11/2 час додека месото не е сосема меко и не се одвои од коската.

Извадете го месото од супата и кога ке подолади исечете го на траки.

На траки исечете ги морковот, целерот, пашканатот и празот, а кромидот на ребра. Додајте ги во супата заедно со јачменот и исеченото месо, па варете го уште 45 мин. или додека не се свари јачменот. Зачинете ја супата со бел бибер и мајчина душица, додајте ја и коцката за супа. Досолете по желба.

Истолчете го лукот со путерот и магдоносот и додајте го на крај во врелата чорба.

За мене ова е најубавата супа кога ке дојдат студените денови....

Кога немам јачмен јас ставам еднакво количество булгур и исто е убава...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани