Еве скоро еден месец овој сок секојдневно е во нашиот дом.
Рецептот го добив од една пријателка. Го спремав и јас, но на поинаков начин.
Еве ја постапката.
Лимоните и портокалите се мијат и се поливаат со вода.
Се додава 1 лажица сода бикарбона во водата.
Нека отстојат пола час.
После пола час се плакнат од содата и се блендираат.
Блендираните овошки се посипуваат со вода, па им се додава лимонска киселина и шеќер.
Се оставаат да стојат 3 часа ,но мешаме на секој 30 минути, убаво да се растопи шеќерот.
Процедуваме и го собираме сокот.
Прекрасен здрав сок.
Прекрасен освежителен напиток.
На здравје нека ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови