Од состојките за кекс изматете посебно 2 кекса, едниот бел и другиот црн. Секој кекс иструрете го во обложен плех од шпоретот со пек-хартија и печете на 180С кратко време, отприлика 10на мин во зависност од рерната.

Извадете ја хартијата од оладените кексови и исечете ги во должина на 10 ленти, по 2 за секој лист обланда.

Растворете ги прашоците за пудинг во дел од млекото и додадете 3 лажици шеќер. Останатото млеко и шеќер ставете ги на оган и потоа сварете пудинг. Кога пудингот ќе е малку повќе од млак, вмешајте го маргаринот кој сте го оставиле на собна температура. Откако ќе се растопи, со миксер убаво изматете го кремот.

Листовите обланда омекнете ги во навлажнета пацета. Најпрво листот омекната обланда се премачкува тенко со пудинг филот. Потоа, се редат накрсно по 2 ленти црн и бел кекс еден до друг и еден врз друг-да изгледа како шах. Помегу секоја лента кекс тенко се премачкува од филот за да можат убаво да се залепат. Се витка коцкест ролат.
Така се добиваат 5 ролати, од секој лист обланда по еден. Ролатите се оставаат на ладно, убаво да се стегнат пред сечење.
Шах-мат! : )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани