Кралицата на плескавиците - Шарската плескавица, омилена на моето семејство, овојпат припремана на фамилијарен излет покрај реката Бабуна.

1. Во длабок сад го ставаме меленото месо. Ги додаваме и останатите состојки, убаво ја месиме смесата и ја покриваме со стреч фолија. Смесата ја оставаме во фрижидер барем 1 час или цела вечер. Јас овојпат смесата ја спремив од вечер, па наредниот ден само ги оформив плескавиците.
2. Смесата ја поделив на 4 дела, па пак секој дел на пола и добив 4 шарски плескавици. Правиме 8 топчиња, кои со малку намрсени раце ги формираме во плескавици на мрсна хартија за печење. Врз едната плескавица го ставаме парчето кашкавал, па со помош на хартијата ја префрламе другата формирана плескавица, на тој начин не се растура веќе оформената плескавица. Од страните нежно притискаме со прстите, со цел убаво да се затвори плескавицата.
3. Пржиме на скара до нивно поруменување.
4. Сервираме со помфрит и свежа салата.

Забелешка - кашкавалот по желба може и да се изренда на појадро.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани