Подготовка:

1. Шумското овошје го ставаме на оган заедно со 100г шеќер и сокот од лимон. Го вариме на тивко 15-тина минути, додека да згусне. Тргаме од оган и кога ќе се олади пожелно е да се процеди од семчиња. 2. Во меѓувреме ставаме 7г од желатинот во 45мл вода да набабри, па го растопуваме на тивок оган или во микро и го додаваме во сосот од шумско овошје.
3. Во калап за чизкејк (20цм) ги редиме пишкотите на дното и од страните. Чоколадото со 80мл слатка павлака го растопуваме на пареа. Останатиот желатин (3г) го ставаме во 15мл ладна вода да набабри, па го растопуваме и го додаваме во стопеното чоколадо.
4. Маскарпонето го матиме со шеќерот во прав, а во посебен сад ја матиме слатката павлака па ја додаваме во садот со маскарпоне и шеќер. Добиената смеса ја делиме на два еднакви дела. Во едниот дел го додаваме стопеното чоколадо, мешаме убаво да се соедини, па смесата ја истураме во калапот со пишкоти, рамниме убаво и калапот го ставаме во фрижидер да се стегне 15тина минути.
5. Останатиот дел од смесата со маскарпоне го мешаме со сосот од шумско овошје и добиениот фил го додаваме во калапот врз филот од чоколадо.
Треба да отстои во фрижидер преку ноќ или најмалку 6 часа.
Пред послужување се декорира по желба.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови