Земаме една кора, ја прскаме со масло, над неа ставаме уште две кори и секоја ја прскаме со масло и на третата кора мачкаме фил од претходно измешани јајцата со сирењето и павлката.
Над филованата кора ставаме уште една ја прскаме со масло и ставаме спанаќ.
Над таа кора ставме друга напрскана со масло и премачкана со кечап и ставаме сецкана шунка и печурки.
Ставаме уште две кори напрскани со масло и полека сите кори ги виткаме во ролат.
Од оваа количина на фил и кори излегуваат два ролати.
Кога ќе бидат готови ролатите ги ставме во намрсен калап и ги печиме на 190 степени околу 30 мин. Пред да ги извадиме го ставаме ренданиот кашкавал и ги враќаме во рерна уште 5 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови