Ова е рецепт за декоративен ролат, со кој ќе ја разубавите вашата Велигденска трпеза. Подготовките за Велигден може да започнат, најпрво со план што ќе подготвуваме за богата трпеза. Еве еден предлог од мене кој е едноставен е за подготовка, а особено вкусен.

Подготовка
1. Пилешките гради ги мелеме во сечко, па ги зачинуваме, а овде го додаваме и јајцето. 2. Промешуваме убаво па ги додаваме сечканите чајни стапчиња, моркови и шунка како и грашокот. Промешуваме и соединуваме.
3. Калапот за куглоф го намрсуваме со масло и редиме во него листови сланина.
4. Дел од смесата со месо ја распоредуваме, ги редиме варените јајца, па остатокот од смесата го распоредуваме внимателно врз варените јајца.
5. Во загреана рерна на 200 степени печеме околу 20 минути па потоа температурата ја намалуваме на околу 170 степени уште 20 - 25 минути.
6. Печениот куглоф го вадиме од рерна и ја истураме течноста која ја пуштило месото.
7. Го оставаме малку да подизлади и потоа го превртуваме.

Забелешка
Обично во вакви ролати ставам варени моркови. Овој пат не го испланирав времето, а и поведена од еден сличен рецепт кој не го имав пробано, ставив неварени моркови. На некои членовиод моето семејство не им се допадна затоа што морковите се чувствуваа и малку крцкаа. Затоа ви препорачувам да си ги варите пред да ги ставите во смесата.