По рецептот на Вања, прв пат кај неа ги имам пробано, па поради нивната лесна припрема, а особено вкусовите на филовите кои добија висока оценка кај нас дома и од секој кој што проба, станаа дел од нашето мени.
 
Најпрво спремете го жолтиот фил.
1. Жолт фил
- Сматете ги жолчките со шеќерот во прав, додадете ја ванилата, по што ќе ги додадете во пенесто сматениот маргарин. Измешајте. Оставете го во фрижидерот.
2. Темниот фил
- Сматете ги белките со шеќерот, додадете ги мелените бискоти, какаото и измешајте. Изработете го пенесто со миксер маргаринот, додадете ја предходната смеса и измешајте.
- Филувајте ги обландите рамномерно и наизменично, од кој фил ќе почнете тоа си е ваш избор. Откако сте ги исфилувале, најгорната обланда не се филува. Врз неа ставете нешто тешко за да се спојат добро корите и оставете до наредниот ден.
Јас ја сечев после 2 часа и затоа се гледа дека сеуште не се споени корите во целост.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани