Кромидот и морковот ги сецкаме ситно и ги ставаме да се пропржат малку, па ги додаваме и копаните и тие малку да се запржат.
Додаваме вода околу 300 мл, за копаните убаво да сварат. Откако копаните ќе бидат убаво сварени (ако треба додавајте вода) додадете ја павлаката и зачинете. Ако сакате погуста чорба оставете водата повеќе да изврие, да остане околу 100 гр вода (барем малку вода да има) па тогаш додадете ја павлаката, ќе испадне погуста чорба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови