Деловите од риба ги ставам да зовријат еднаш и им ја истурам таа вода. Потоа во нив ги додавам - сецканите моркови, пашканатот, целерот, лукчето, црвената, сува пиперка, ловоровите листа и сол. Налевам со вода. Сето тоа убаво се вари.

Кога е сварено, низ цедалка во друго тенџере прво ја цедам водата, па го пасирам низ цедалката, исто, зеленчукот и го додавам во исцедената вода. Месото убаво го чистам од коските и го ситнам. Го додавам во течноста и се врака на оган, па тогаш го додавам оризот и се вари додека тој омекне.
Правам тенка запршка-бела (од 1-2 супени лажици брашно, зависно од тоа колку течност имаме во тенџерето, пропржено на малку масло додека убаво порумени) и ја запржувам чорбата.
Зачинувам со (по потреба) сол, мешан сув зеленчук, црна пипер.
Можи да ја послужите со толчено лукче со сол и киселина.
На здравје!!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани