Боранијата ја ставиме да се вари.
Во киселата павлака додаваме 2 лажици брашно и убаво размешуваме.
Кога ќе се свари боранијата ја истураме кисела павлака и мешаме. Ставаме сол, бибер, зачини по вкус,нека поврие со павлака уште 5 минути и готово. На крај додаваме магдонос.
Сервираме во чинија, украсуваме со магдонос и буковец.
Многу е лесна и вкусна, пробајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани