Ова јадење е наша традиција за Нова година. Мислам дека малкумина го знаат па затоа еве јас ќе ви го прикажам.
1. Телешкото месо се сецка на коцки. Главицата кромид ситно ја сецкаме. Во тенџере месото го запржуваме со сецканиот кромид и масло.
2. Кога месото ќе ја промени бојата ги додаваме исчистените мали кромидчиња, исчистените чешнина лук, киселината, црвеното вино, вегетата, говедските коцки растворени во малку вода, ловоровиот лист и зрната црн пипер.
3. Сето се залева со топла вода, да се прекријат сите состојки. Се остава да се вари на тивок оган 3-4 часа, покриено со капак. ( по можност на шпорет на дрва да се вари)
4. Од време на време се додава топла вода.
5. Чомлекот не треба да биде течен, но не и сув. Треба да се згусне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани