Се матат маргаринот и шеќерот се додека не се добие пенеста форма.Се додаваат јајцето,млекото и екстрактот.Се продолжува со матење.Се мешаат брашното,прашокот за печиво и какаото.Сето убаво се соединува во мазна и мека смеса.Доколку има потреба се додаваат уште една или две лажици млеко.Тестото се остава во фрижидер на 15-тина минути.Се исукува кора со дебелина од 1см. и со помош на модла се вадат форми.Во зависност од големината на модлата,се добиваат приближно 25 до 30 парчиња.Се редат на плех прекриен со хартија и се печат 8-12 минути на температура од 190 степени.
Изладени,се брцкаат во чоколадна глазура направена од 100 гр.чоколадо за готвење и 10 гр.маргарин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани