Првиот коментар од страна на моите дома, кога ги пробаа овие бомбици беше само ммм...и за кратко ги снема. Овие бомбици се прават од комбинација на состојки, кои верувам дека на многумина од вас им е омилена, особено спојот на портокал со чоколадо. Подготовката е едноставна и брза, за пола час се спремни за дегустација.

Подготовка:

1. Во тенџере ги ставаме шеќерот, ванилата, гризот, сокот и кората од портокалот (претходно одстоен во вода со сода бикарбона). Смесата се вари 2-3 минутки, со мешање во меѓувреме (додека да се свари гризот). Тргаме настрана да олади 5-10 минути, па ги додаваме постепено мелените бисквити. Соединуваме до хомогенизирање (со рака најдобро).
2. Потоа од смесата зимаме дел (јас од по 20 гр секој), ставаме парченца од чоколадото (претходно исецкано) и формираме бомбици. Послужуваме веднаш.

*Забелешка - Доколку сакате може дополнително бомбиците да ги чоколадирате. Исто така откако ќе ги додадете мелените бисквити, ако сметате дека треба да биде поблага смесата, додајте шеќер во прав, за тоа според мене има влијание колку се благи портокалите кои ќе ги употребите, кај мене беа доволно благи, и не додадов воопшто шеќер во прав. Од оваа доза мене ми испаднаа 32 бомбици.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани