1. Се вари сируп од шеќер и вода. Ова треба да врие 3-4 минути.
2. Се трга од ринглата и се додава маргаринот мешајќи додека да се растопи.
3. Се додаваат оревите и бисквитите и убаво се мешаат со дрвена лажица.
4. На страна се топи чокоалдото на пареа заедно со маслото. Се ставаат по една лажица во силиконските ѕвезди и се заледуваат.Се повторува уште еднаш истата постапка.
5. Кога ќе оладат чоко ѕвездите се полнат со млаката смеса и се става по две вишни и одозгора се става по едно мало лажиче чоколада да се затвори ѕвездата.Се ставаат во ладилник убаво да се смрзнат за полесно да се извадат.На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани