Подготовка:

1. Во подлабок сад ги мешаме брашното, какаото, солта и пецивото. Во друг сад ги матиме путерот и шеќерот 3-4 минути. Го додаваме јајцето и ванилата и матиме кратко, додека да се соедини.
2. Постепено ги додаваме сувите состојки кај смесата од путер и шеќер, матејќи со ниска брзина.
3. Формираме тесто и завиткано во најлонска фолија го ставаме во фрижидер, околу 1 час.
4. Оладеното тесто го вадиме на набршанета површина (или врз хартија за печење) и го расукуваме во тенка кора (3-5мм). Пожелно е вака расукано да отстои во фрижидер уште 30тина минути, но не мора.
5. Со помош на форми за колачиња вадиме форми по желба. Јас користев форма на срце во две големини. Половина ги правев без отвор, а на другата половина им направив отвор со помош на помалиот калап.
6. Печеме во загреана рерна на 180 степени, 8-10 минути.
7. Ги оставаме колачињата целосно да се оладат пред да ги филуваме. Јас користев нутела и мармалад од кајсии. Прво ги поросив колачињата со отвор со шеќер во прав, а потоа ги филував со отрпилика по една мала лажичка на секое колаче и ги лепев.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани