Еве една торта, по рецепт на Мери Бери, која е брза и одговора за секоја пригода. Рецептот го имам скоро два месеци и одтогаш ја имам направено 4-5 пати.
За тестото измешајте ги најпрво сувите сосотојки, па додадете ги останатите и изматете ги убаво со жица за матење или со миксер. Печете во калап за торта (24 или 26) на 180С околу 30-35 минути.
За филот најпрво загрејте ја павлаката без да зоврие и со неа прелијте ја исецканата бела чоколада. Имешајте додека целосно се растопи чоколадото и оставете да се излади.
Крем сирењето малку изматете го, додавајте го со мешање во претходно изладената смеса со чоколадо за да добиете убав фил за премачкување.
Изладениот пандишпан исечете го на половина. Половина од филот ставете на средина, а половина одозгора. Украсете по желба со чоколадо или какао. Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани