Многу вкусна торта, старата верзија на чоколадната торта.
Топло ви ја препорачувам!

Јајцата се матат со шеќерот, се додава претходно се заедно помешано-брашното, оревите, какаото, пецивото. Се излева во намрсен и побрашнет плех со димензии 32 на 39цм. 
Се пече во претходно загреана рерна (5 мин. на 200) околу 20-25мин. на 180степени.
Се остава да се излади, па се сечи на 3 ленти.

За филот го зовриваме млекото, па го додаваме чоколадото и мешаме додека се стопи.
Ги додаваме оревите и бисквитите и се убаво мешаме, додека се изедначи.
Оставаме да се излади.
Жолчките ги матиме со дел од шеќерот - 4 лажици и ги вариме над пареа. Кога ќе ја добијат потребната густина, ги оставаме да изладат.
Маргаринот и остатокот од шеќерот пенасто ги матиме.
На крај ги додаваме жолчките во маргаринот и се убаво миксираме за да се соедини убаво.Оваа смеса ја додаваме во млаката смеса од млекото со другите додатоци и се убаво миксираме, соединуваме.
Филот е готов.
Шлаг кремот го матиме со млекото.

Финална постапка
Филот го делиме на два дела, од двата дела оставаме по малку за премачкување на третата лента и од надвор цела.
Значи лента-фил, лента-фил, лента-малку фил и странично по малку фил.
Целиот шлаг крем се нанесува на третата лента и странично целосно се премачкува тортата.
Се остава убаво да излади, па сечете ја и сладете се!

*Вкусот можи да го збогатите и со рендана кора од портокал во пандиспањата, а сок од портокал во филот.
*Исто можи и пандиспањата да ја попрскате со чоколадно млеко за да биде уште посочна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани