Млекото ставете го да се загрее, водата измешајте ја со останатите состојки додека се изедначи и нема грутчиња.
Кога млекото ќе почне малку да зоврива по малку сипувајте од смесата и постојано мешајте додека се згусти. Не треба многу да се густи како за фил за торта. Откако малку ќе згусти сипете во чаши навлажнети со вода или мали садчиња. Ставете ги во фрижидер да се изладат и стегнат.
Од оваа доза излегува 6 чаши од 250 мл. .
Пудингот е прекрасен како оние од пакетче за пудинг од чоколадо, може да се додава бисквити, кокос,....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови