Многу вкусен чоколаден колач, впрочем како што е и секој колач со чоколадо....))))

Се матат јајцата со шеќерите, додека неколку пати го зголемат волуменот и шеќерот се растопи. Се додава врелата вода, па заедно помешани и просеани - брашното, пецивото и какаото, матејќи нежно на најмала брзина.

Се излева во калап (30×20цм.) намрсен и побрашнет.
Се печи во загреана рерна на 180 околу 25 мин. или до сува чепкалка.

Се остава малки да одмори, некои 10 мин. се боцка со вилушка насекаде и се полева со млекото низ цела површина.

Потоа го преливаме со ганашот, кој сме го подготвиле на тој начин што павлаката се загрева до точка на вриење, па се прелева врз искршеното чоколадо. И се меша додека се’ убаво се стопи, изедначи.
Нека подолади 15 мин. па излеваме врз кексот.
Се остава да се излади на собна температура, па во фрижидер преку ноќ.

На здравје сладење!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани