- Сварете гравот, процедете го.
- Исецкајте го кромидот, лукот, слатката и лутата пиперка.
- Излупете го доматот и него исто така исецкајте го.
- Во тавка загрејте го маслото, додадете месото и пржете мостојано мешајки го за да стане ситно, тоа трае од околу 6-8 мин. Префрлете го месото во тенџерето во кое ќе го спремате ручекот. Во истата тавка во која го пржевте месото додадете уште малку масло и ставате да се пржи кромидот околу 5-6 мин. додадете ги лукот и пиперките - продолжете да пржите уште 3-4 мин. Кога е веќе готово, истурете кај месото. Овде сега додадете чили во прав, црвениот пипер, биберот, доматното пире, брашното - промешајте, истурете околу 150-200 мл. вода, додадете ги доматите, доматното пире - разбркајте. Додадете гравот, пченката,
- Додадете ја мешавината на кромид во месото, додадете чили во прав, брашно и промешајте. Истурете 300 мл вода, додадете домати, бугарска пиперка и доматно пире - ставете на многу тивко да крчка околу 1 час.
- Кога веке е при крај, додадете ги коцките чоколадо, разбркајте и нека крчка уште некое време - 15 мин. Пред да го тргнете ставете го сокот од лиметата, овкусете за сол, разбркајте го и нека сега се заедно прокчрка уште некое време. Тргнете од огнот, додадете го кориандерот или сега или одпосле во секој тањир кога и служете при што ќе посипете од веќе сецканиот кориандер.
Па уживајте.
Напомена -
Чудно, но токму чоколадото, сокот од лиметата и во никој случај изостанувањето на кориандерот го прави ова да има прекрасен вкус.
Сакам да напоменам дека најчесто се прави само со гравот, овде не морате да ставате пченка - јас ставив затоа што имав малку, да не стои во фрижидерот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани