Подготовка:

1. Мелените бисквити се мешаат убаво со стопениот путер и се натапкуваат на дното од калап за чизкејк (24цм). Се остава во фрижидер да се стегне додека го подготвуваме филот.
2. Малините (одмрзнати или свежи) се обработуваат во блендер. Добиената смеса е пожелно да се помине низ цедалка за да се отстранат семчињата.
3. Чоколадото се растопува и се остава да се олади, а слатката павлака се мати во посебен сад. Желатинот се подготвува според упатството (прво да набабри во помала количина вода, па потоа се растопува во микро).
4. Крем сирењето го матиме со шеќерот и ванилата додека да се соединат, се додава стопеното чоколадо, па изматената слатка павлака и на крај растопениот желатин. Филот се дели на два дела.  5.Eдниот дел се истура во калапот врз подготвената основа од бисквити, убаво се израмнува и се враќа во фрижидер. Во другиот дел се додава пирето од малини и убаво меша. Добиената смеса се истура во калапот врз првиот фил и се израмнува. Треба да отстои минумум 6 часа во фрижидер, а најдобро преку ноќ пред да се сече.

Се декорира по желба - јас декорирав со малини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови