1. ТЕСТО* Во длабок сад го ставаме јајцето, додаваме 100 г. маргарин и се добро изматуваме.
2. Во смесата ги додаваме мелените ореви и мелените бисквити и исцедениот сок од портокалот и се заедно со рака измесуваме.
3. Парче најлонска фолија намрсуваме,на неа ја распоредувме смесата и со калап вадиме тркалезни форми.
4. ФИЛ* Во длабок сад ставаме 150 г. маргарин и 250 г. шеќер во прав,додаваме 1 јајце и 1 жолчка и се заедно изматуваме.
5. Чоколадото го топиме на пареа и кога ке се олади го додаваме во маргаринот и се добро измешуваме.
6. Филот го ставаме во готварски шприц или кеса и ги филуваме округлите форми.
7. Одозгора украсуваме со мелени ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови