Започнете со матењето на белките и кога ќе забелат додадете малку сол. По минута почнете со постепено додавање на шеќерот и ванилата. Пред крај додадете го сокот од лимон и матете додека не се добие цврст шам. Доколку сакате шарени, додадете прехрамбена боја или какао, а доколку имате перли наросете одозгора. Со мало лажиче земајте од смесата и ставајте купчиња врз пек хартија постелена на плехот од шпоретот. За полесно земете уште едно лажиче и со него туркајте од она со кое сте зацрпиле, па замазнете ако е потребно со него малку. Печете ги во загреана рерна со вентилатор на 100С околу 1 час. Доколку немате вентилатор, по 20 минути 2-3 пати подотворете ја рерната за да излезе пареата. Печените целуфки по минута-две одлепете ги од хартијата.