Оваа рецепта ја направив според рецепт еден прекрасен рецепт за кифлички кој веќе го имам објавено тука, со тоа што гледав да биде во посна верзија.
Како замена на јајцата ставив ленено семе, кое кога ќе се измеле се добива смеса слична на белка од јајце.
Соиното млеко и водата се стават на оган да се затоплат малку.
Се додава 2-3 лажици брашно и квасецот и се остава да активира квасецот.
Лененото семесе натопува со водата и потоа се блендира.
Потоа се замесува тесто и се остава да нарасне или дуплира големината.
Тестото се дели на три дела, еден поголем за на средина и два помали за цветовите.
Подлабоко тавче се прекрива со хартија и поголемиот дел се меси во топче, се става во средината и малку се сплескува.
Другите два дела се сукат во кори со дијаметар околу 30 цм, едната се премачкува со маргарин и се поклопува со другата.
Се сече на осум еднакви дела преку средината,како кофличките сто ги сечеме.
Потоа секое триаголниче го засекуваме на средината и врвот го притнуваме низ засекот, а страните ги свртуваме навнатре.
Сите осум дела ги редиме околу топчето и оставаме повторно малку да нарасне.
Се пече во загрена фурна на 220 степени и кога ќе зарумени одозгора јас му ставив алуминска фолија и го печев уште 30 тина минути на 180 степени ( да не остане жива внатре).
Откако ќе се испече врела се премачкува со помош на четкичка со мармаладот и остава да олади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови