Рецептот е од вујна ми и веќе оддомаќинет кај нас. Една брза, налик на проја, пита.
1. Во подлабок сад скршете ги јајцата и со лажица изматете малку. Додадете го киселото млеко (може и јогурт) и зејтинот и убаво промешајте. Во брашното додадете го пецивото и потоа додадете во садот. Мешајте со лажица малку побрзо додека добиете убава смеса без грутчиња (нема потреба од миксер).
2. Потоа додадете ги дробеното сирење и ситно сецканата шунка и промешајте да добиете компактна смеса. По вкус и во зависност од сирењето досолете си. Иако е напишано околу 200гр. сирење, секогаш ставам повеќе зошто така им е поубаво на сите. Во оригиналниот рецепт има и рендани кисели краставички, но овој пат не ставив.
3. Намрсете го плехот со маргарин, претурете ја смесата, наросете со сусам (ким, мак, лен) по желба и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220С. Времето на печење е кратко 20-25мин. но повремено проверувајте си. Користев плех бр.40, ќе ја видите висината на сликите, ако сакате да биде повиоко печете во помал плех.
Послужете со чашка јогурт и ужувајте.

Добар апетит.

***Шољата што ја користев е за кафе (од средно големите), но тоа не е важно ... може да користите која сакате,важно да мерите се со истата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани